Судот ја одблокира сметката на Макпетрол „имајќи го во предвид јавниот интерес“

by Фокус

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука за одблокирање на сметките на Макпетрол и на ОИЛКО. Советот реши да ја прифати препораката која пред два дена ја даде Јавното обвинителство. Сепак, Судот одлучи институциите да продолжат да го следат платниот промет и сите трансакции што ќе бидат вршени од страна на овие компании.

-Кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го в предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка, се вели во соопштението од Судот.

Сметките на Макпетрол беа блокирани минатата недела, веднаш откако МВР поднесе 21 кривична пријава против првиот човек на компанијата, Андреја Јосифовски, против членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и за лица од Централниот депозитар и Комисијата за хартии од вредност.

 

 

Поврзани новости