Македонија една изборна единица?

by Фокус 15:00
15:00

СДСМ ќе предложи промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица, изјави претседателот на партијата Зоран Заев. Тоа ќе овозможи влез во парламентот на многу повеќе мали партии.

На тој начин, според опозицијата, ќе се реши и прашањето со гласањето на дијаспората, односно иселениците ќе можат и понатаму да гласаат, со тоа што сега нивните гласови ќе се слеат заедно со гласовите на сите граѓани и секој глас ќе има еднаква вредност.

- Advertisements -

Македонија една изборна единица е барање на помалите партии, бидејќи тој модел ќе им овозможи поголеми шанси да добијат пратенички места, а оди на штета на поголемите партии.

Заев вели дека во СДСМ се свесни оти со овој начин на гласање ќе изгубат неколку пратеници, но во интерес на демократијата подготвени се за такво решение. Предлогот ќе биде ставен на маса на состанокот на работните групи.

Поврзани новости