Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред повеќе од 2 години чекајќи од институциите дозвола за лекување во странство, останува во притвор.
Тој беше приведен откако го нападна поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Одбраната побара од судот тој да биде ослободен од притвор поради, како што велат, влошената психичка здравствена состојба на Стојановски, со образложение дека целта може да се постигне и со поблаги мерки. Според извори од истрагата ќе се врши психијатриско вештачење на Стојановски, но и балистичко вештачење на оружјето од кое било пукано во Тодоров.
Обвинителството го гони Стојановски за убиство во обид, како и за недозволено поседување на оружје. Обвинетиот на први јуни пред Министерството за здравство пукаше во екс-министерот Тодоров, по што веднаш беше приведен.