Судот го продолжи куќниот притвор за членовите на Левица

by Фокус

Кривичниот суд денеска одреди уште 30 дена домашен притвор за Здравко Савески и Владимир Куновски од партијата Левица.

„Ни го продолжија куќниот притвор за нови 30 дена. Многу ни е правичен судскиот систем, очигледно. Ама, џабе им е. Ако мислат дека нас ќе не скршат, дебело се лажат. Кога-тогаш ќе излеземе на слобода, кога-тогаш ќе има слобода во Македонија, а во затворите ќе бидат оние што тоа го заслужуваат!“, напиша Савески на неговиот фејсбук профил.

Инаку, судскиот процес против членовите на Левица се одложуваше два пати. Стартот е закажан за 31 мај. Пред неколку дена Апелација ја одби жалбата на Обвинителство, кое бараше тие да бидат префрлени во притворско одделение во затвор, додека тече судскиот процес.

Куновски и Савески се во домашен притвор од 25 април.

Поврзани новости