Судот го извести затворот дека Бошкоски треба да биде пуштен на слобода

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 го извести завторот Идризово дека се исполнети сите услови за Љубе Бошковски, лидерот на партијата Обединети за Македонија, да биде пуштен на слобода три месеци пред истекот на казната затвор во процесот „Кампања“.

Судијата Илија Трпков на денешното рочиште истакна дека не постојат законски пречки Бошковски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна затвор која ја издржува за случајот „Кампања“.

Инаку, денеска во судот беше одложено рочиштето за процесот против Бошковски „Ровер“.

Поврзани новости