Директорот на „Хипо“ банка си поднесе оставка поради панамските документи

by Фокус

Михаел Грамер, претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Форарлберг“,  поднел оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од паманската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.

Грамер во својата изјава нагласил дека оставката не е признавање на вина, туку лична одлука, за која одамна размислувал.

Банкарот е во Управниот одбор на „Хипо Форарлберг“ од 2004 година, а претседател на Одбор стана во 2012 година.

Поврзани новости