Кривичниот суд го прифати барањето на одбраната во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“, прислушуваните разговори да не се користат како докази во постапката.
За барањето на одбраната така наречените бомби да се издвојат од списите на предметот како доказ прибавен на незаконски начин одлучуваше Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
Инаку, Апелација претходно ги прифати „бомбите“ како докази за случаите „Шамарите во Центар“ и случајот „Триста“.
Во случајот „Тендери“ обвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО.
За случајот „Топлик“ осомничени се шест лица од министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“. „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работ, Љубе Бошкоски.