Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Холандија

by fokus

Полицијата се судри со демонстрантите за време на денешните протести во Амстердам и Ајндховен, организирани против воведувањето карантин во Холандија.

Во Амстердам, силите за спроведување на законот употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа на плоштадот опкружен со музеи.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицијата интервенира со водени топови против група демонстранти собрани во близина на зградата на музејот „Ван Гог“.

Поврзани новости