Судијката кажа дека Боки 13 има хроничен гастрит, а Боки и возврати: Ако сакате можете да ме обесите!

by fokus

По лекарскиот преглед на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски во судница, беше утврдено дека е способен да го следи судењето.

Докторот Сашо Петковски истакна дека пациентот може да го следи судењето, по што си замина од судница.

Судијката Васка Николовска истакна дека пристигнала медицинска документација од вчерашниот преглед на Јовановски во Клиничкиот центар.

-Пристигна известување од Клиниката за гастроентерохепатологија, во кое пишува дека за Јовановски нема елементи за спреченост за да ги следи судењата и препорака да се однесе на дигестивен хирург, истакна судијката.

Таа прочита уште еден медицински извештај во кој пишувало дека Јовановски има хроничен гастрит, а малигни материјали не биле најдени.

-Ова е изживување врз мене. Ве молам кажете кој ја потпиша документацијата, рече Јовановски.

Кога судијката му посочи дека документацијата ќе му биде доставена, Јовановски инсистираше името на докторот да биде прочитано јавно, додавајќи: “Ако сакате можете да ме обесите”.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости