Судијката Кацарска го искара Дамовски: Фрлете ја мастиката или голтнете ја!

by fokus

Судијката Добрила Кацарска на денешното судење за “Крвавиот четврток” го искара обвинетиот Борис Дамовски бидејќи џвакаше мастика.

– Дали вие џвакате мастика? Веднаш да ја фрлите или ако сакате голтнете ја, му рече судијката на Дамовски.

Потоа го искара и да биде посериозен.

-Ве молам бидете сериозен, се нешто на вас ви е смешно, рече Кацарска.

 

 

Поврзани новости