Лекарите се налутија, не го прифаќаат покачувањето од 5 отсто на платите

by Fokus 15:59
15:59

За да се оствари програмата на Владата 2017-2020 година за „двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1.600 евра до 2020 година“, во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146 проценти, а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91 отсто, реагира денеска Синдикатот на клинички центри на одлуката на Владата за зголемување на платите на лекарите и медицинските сестри од 5 отсто од септември.

Синдикатот ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13.286 денари, но не го прифаќа зголемувањето на основната плата во здравството од пет отсто за 2018 година.

- Advertisements -

Според Синдикатот, со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари, односно би се зголемила за 1.940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари.

 

Поврзани новости