Даниела Димовска, судијка на претходна постапка, одлучи бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ да не оди во притвор, односно го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Оваа судијка има искуство од само шест месеци, односно на 5 септември била избрана за судија, и веднаш била распоредена во одделението Кривична материја претходна постапка.
Додека пак за осомничениот Василије Авировиќ, одлуката да му бида одредена мерка на претпазиливост, ја донела судијката на преходна постапка Сандра Крстиќ.
Оваа судијка до неодамна беше во одделот за организиран криминал, но како што информираа од судот самата побарала преместување во друг одел, поради лични и семејни причини.
Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Во случајот „Труст“, како што информираше СЈО, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност.
В.В.