Политичка злоупотреба на деца: Ученици се повикуваат на бојкот на наставата

by fokus

Во училиштата во скопската населба Аеродром вчера се делеле летоци на кои учениците се повикувале на бојкот на наставата, поради наводен протест за Законот за албански јазик, велат загрижени родители кои се јавија во редакцијата на „Фокус“.

Родителите стравуваат дека нивните деца ќе бидат злоупотребени за политички цели.

-Македонскиот е нашиот мајчин јазик и нема да дозволиме тоа да се промени! Повик за бојкот на наставата во нашето училиште! Нашиот став е јасен. Сакаме да учиме на македонски јазик во суверена Република Македонија. Нема да дозволиме Законот за албански јазик да биде изгласан. Иднината на ова земја сме ние и ќе го докажеме тоа. За таа цел ние како ученици во нашето училиште ќе извршиме бојкот на наставата после вториот час во двете смени. Ги повикуваме сите наши соученици после големиот одмор да се приклучат на собирот во дворот на училиштето, се наведува во повикот, кој според родителите се ширел низ училиштата.

Поврзани новости