Судијка од Граѓанскиот суд во самоизолација бидејќи била во Франција

by fokus

Судијка од Граѓанскиот суд во Скопје, која се вратила од патување во Франција, се наоѓа во домашна изолација поради препораките за заштита од коронавирусот. Судијката нема корона вирус, но ги почитува препораките за изолација.

-Судијката е вратена од патување и согласно препораките на Владата, е во самоизолација. Таа не е заболена од коронавирус, ни изјави портпаролката Сања Томиќ.

Таа додава дека судот ги презема сите потребни мерки по препораките на Владата за заштита на вработените од коронавирусот.

 

Поврзани новости