Судијата Владимир Туфегчиќ се потпиша и им даде поддршка на средношколците

by Фокус

Средношколците и денеска продолжуваат со бојкот на наставата, но продолжуваат и со кампувањеето под отворено небо во Паркот на новинари спроти Министерството за образование. И, понатаму продолжува поддршката за нив од граѓани, кои доаѓаат да се потпишат.

Денеска на штандот каде се собираат потписи се појави и судијата Владимир Туфегчиќ од Основниот суд Скопје 1, кој се потпиша и им даде поддршка на учениците. Пред неколку години, тој беше познат како истражен судија кој го водеше случајот „Пајажина“.

Поврзани новости