ДС: ВМРО и СДСМ да се договорат за надминување на политичката криза

by Фокус

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара политички дијалог, како начин за надминување на длабоката политичка криза, која, според оваа владејачка партија, се заканува да ја дестабилизира државата.

„Наместо протести и контра протести, предлагаме најитно да се одржи лидерска средба на сите политички партии, на која ќе се договори платформа за излез од политичката криза, а парламентот да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба и да усвои платформа со конкретни чекори за надминување на кризата“, сметаат од ДС.

Поврзани новости