594
Судијата Владимир Туфегџиќ, кандидат за претседател на Основниот суд Скопје 1, ќе ја повлече кандидатурата, ако Судскиот совет не го поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, објави порталот Сакам да кажам.
„Мене ми е повредена еднаквоста и рамноправноста. Не може во јули да се изберат претседатели, а во септември судии на апелационите и на Врховниот суд со старите оценки од 2014 година, а сега Судскиот совет да воведува вонредно оценување при изборот на претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на РМ“, вели Туфегџиќ.
Тој веќе поднел иницијатива до Судскиот совет за поништување на огласот.
Претседателот на Советот Зоран Караџовски, како што пишува порталот, потврдил дека вчера стигнала иницијативата од Туфегџиќ и дека се уште нема став – Судскиот совет допрва ќе ја разгледува.