Маврово со снежна покривка од 10 сантиметри

by fokus

Снежна покривка од 10 сантиметри е формирана на Маврово.

Во  Крушево и Берово наврнале 4 сантиметри снег, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Крива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка формирана е во Демир Капија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.

Сите патишта во земјава се проодни, освен што од 9 часот утрово на магистралниот пат А3 Ресен-Битола, на превој „Ѓавато“, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила.

Поврзани новости