По уривањето на авионот во Колумбија: Загинаа најмалку 76 патници

by fokus

Според последните информации од колумбиската полиција, најмалку 76 лица загинаа во уривањето на авионот во кој имало 81 патник и членови на екипажот, од кои дел се фудбалери на бразилски клуб.

Авионот тип „аероспејс 146“ полетал од Сао Паоло во Бразил, имал едно застанување во Санта Крус де ла Сијера во Источна Боливија, од каде се упатил кон Колумбија.

Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требало утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико во финалето на купот на Јужна Америка.

Поврзани новости