Претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев избран е избран за претседател на Судско-медиумскиот совет за период две години, додека за потпретседател на ова тело е избрана новинарката на ТВ 24 Христина Беловска.
-Под влијание на СМС, судиите и новинарите почнаа повеќе да комуницираат, почна да се развива меѓусебна доверба, размена на информации, се надополнувавме , но и се критикувавме едни со други, а бенефитот од сето ова го имаа граѓаните кои добиваа навремени, точни информации. На овој начин директно, но и индиректно влијаевме и во зајакнувањето на демократските капацитети, а на некој начин воспоставивме и нов систем на граѓанска контрола на судското постапување , но и на владење на правото – рече Џолев.
На првата конститутивна седница беше изгласан дневниот ред за работа, а се дискутираше за следните чекори на СМС, со кои се предвидува ова советодавно тело да продолжи со активности насочени кон измени на ЗКП и Деловник за работа со да се олесни следењето на судските процеси за јавноста од технички аспект. Инаку, новиот состав на Судско-медиумскиот совет брои 15 члена, од кои 8 се новинари од различни медиуми, а 7 се од редот на судиите од различни апелациони подрачја во РСМ.
Членови на Судско-медиумскиот совет се:
1. Гордана Дувњак- Фокус
2. Елена Ивановска Мукоска- ТВ Телма
3. Флора Белули Камбери- МТВ 2
4. Михаела Димовска – Канал 5
5. Христина Беловска – Телевизија 24
6. Бојан Стојановски- Алсат
7. Васко Маглешов- Призма
8. Соња Делевска- СДК.мк
9. Шпенд Деваја- судија во Врховен суд
10. Шефајет Хајдари- претседател на Апелационен суд Гостивар
11. Иван Џолев – претседател на Основен Кривичен суд Скопје
12. Тодор Поп Панев- претседател на Основен суд Свети Николе
13. Илир Сулејмани- претседател на Основен граѓански суд Скопје
14. Миле Димовски- претседател на Основен суд Битола
15. Едита Насковска- судија во Управен суд