Судиите за кои инсистираше претседателот на Судот одлучуваат за притворот на Грујевски

by Фокус

Како што вчера објави Фокус, судиите Александра Крстиќ и Ивица Стефановски, неофицијално, се дел од Кривичниот совет кој денеска одлучува за жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски. Освен овие двајца судии за кои, според извори од Судот,  претседателот на Основниот Суд 1 Владимир Панчевски инсистирал да влезат во Советот, во Советот е и судијата Јани Нича.

Според неофицијални информации, вршени се огромни притисоци врз Основниот суд да ја преиначи одлуката за притвор и да го ослободи Грујевски, или пак во најмала рака да му биде одреден домашен притвор.

Грујоски е осомничен дека учествувал во уништување на системите за прислушување заедно со негови подредени и со ексминистерката за внатрешни работи Јанкуловска. Освен што ја злоупотребил службената положба тој фалсификувал и службени исправи за да го прикрие првичното кривично дело.

Поврзани новости