Лифт во реновираниот дел на „Гоце Делчев“ смачка рака на студентка

by Фокус

Студентка завршила со скршена рака поради нефункционалноста на лифтот во реновираниот дел на студентскиот дом „Гоце Делчев“, со кој власта се фалеше минатата година, објавува порталот А1Он.

Според информациите до кои дојде А1он, инцидентот се случил кога раката на студентката се заглавила во просторот помеѓу лифтот и надворешната врата, простор кој што треба да биде заштитен со безбедносна врата, но таа во студентскиот дом не работи. Студентката била хоспитализирана и се здобила со скршеница на раката.

Управникот на домот денеска не одговарал на повиците за да даде коментар за овој настан.

Поврзани новости