Заврши седницата, наскоро ќе биде објавено дали Грујевски ќе остане во притвор

by Фокус

Предмалку заврши седницата на Кривичниот совет кој одлучуваше по жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски. Се очекува наскоро да биде објавено дали жалбата ќе биде прифатена или отфрлена, односно дали Грујевски ќе остане во притвор или ќе биде ослободен да се брани од слобода.

Како што неофицијално дозна Фокус, во Советот кој одлучуваше за жалбата за притворот беа судиите Александра Крстиќ и Ивица Стефановски, како и судијата Јани Нича. За првите двајца, неофицијални судски извори рекоа дека претседателот на Основниот Суд 1, Владимир Панчевски, инсистирал да влезат во Советот.

 

Поврзани новости