Субвенциска катаклизма во сточарското производство

by Фокус 11:52
11:52

Скоро девет години, не поминал ниту еден ден, а да не слушнеме за напредокот на економијата, која според бројните пресконференции на реформаторското јадро и нивните гласноговорници се развива со светлосна брзина. Но, народот тоа не може да го согледа, а уште помалку почувствува! Каков народ, наместо да слуша што кажува и слепо да и верува на својата власт, тој во контунитет емигрира во странство, при што бројката од околу 470000 иселени лица ме наведува на помислата дека станува збор за евакуација, а не за емиграција. Оттука, човек да се запраша, дали народот не чини или пак нешто не е во ред со бројките, на што обрнуваат внимание и влијателни странски организации.

На пример, и покрај тапаните кои власта ги удира сè со цел да не убеди дека го реформирала образованието и го подобрила неговиот квалитет, деновиве едноставно јавноста доби надворешна потврда за она што веќе го знаеше, а тоа е дека никаде во светот не постојат вакви лоши решенија кои некој сака да ги нарече реформи. Но, нејсе, си рекоа реформаторите! Па не е само образованието чинител на животот. Тука е па еве на пример земјоделството! Тука мислат дека никој ништо не им може! Како некој ќе се осуди да им најде мана? Па нели има субвенции, директни плаќања, вложувања во руралниот развој, зголемен извоз на земјоделски производи и што уште не. Тоа е тоа, си рекоа реформаторите и нормално заредија пресконференции, реклами и медиумски настапи на квазиексперти и квазианалитичари, за кои може да се каже дека единствена цел е ако е можно уште малку да се пласира искривена слика за случувањата во државава. А се чини дека, сликата која реформаторите ја цртаат во делот на земјоделството е и тоа како искривена.

- Advertising -

Секако, просторот не дозволува да се анализираат сите небулози кои во континуитет и се пласираат на јавноста, но сепак ако се имаат предвид податоците кои ги соопштува Државниот завод за статистика (ДЗС), може да се каже состојбата е повеќе од загрижувачка. Ваквата констатација не е престрога, особено ако се разгледаат финансиските показатели за стоковната размена со странство, на кои подетално ќе се задржиме и тоа од едноставна причина, што реформаторите постојано оперираат со милиони долари и евра во кои ги мерат своите успеси, без притоа јавноста да се информира за физичкиот обем на земјоделското производство. Но, ајде да видиме што велат податоците за движењата на сточарското производство, а особено на производството на месо и надворешната трговска размена на Македонија. Притоа, за да се добие поцелосна слика за состојбите ќе се осврнеме на податоците за периодот од 1999-2013 година (за 2014 година се уште нема податоци).

Движење во сточарското производство во период од 1999-2013 година

Во табела 1 се даде­ни податоците за движењето на вкупниот број говедата и бројот на кравите и стелните јуници.                                             Можеме да зебе­лежиме дека во разгледу­ва­ниот период бројот на гове­дата од 1999 го­ди­на постоја­но опаѓал се до 2005 година и во овој период истиот се намалил од 270147 на 248185. Во след­ниот период имаме зголемување на бројот на говедата и истиот достигнал 265299 во 2012 година, за да потоа се намали на 251240 во 2012 година, односно на 238833 во 2013 година. Ваквите движења непосредно се от­сли­куваат на просечниот број говеда во разгледуваите подпериоди кој број во периодот 1999-2002 година изнесу­вал 264828, во перидот 2003-2006 го­дина тој број е 254598, што значи дека во споредба со претход­ниот период се намалил за 3,87%, за да потоа просечниот број на говеда во периодот 2007-2013 година остане скоро непроменет и тој е 253503 говедо, што знчи дека во однос на периодот 1999-2002 година се намалил само за 4,28%.

Состојбата со кравите и стелните јуници е сосема поинаква. Имено, во периодот од 1999-2002 година просечно имало 172688 крави и стелни јуници, во периодот од 2003-2006 година тој број е 160832 крави и стелни јуници, за да во периодот од 2007-2013 година просеч­ни­от број на крави и стелни јуници е 147772. Тоа значи, дека во периодот од 2007-2013 година просечниот број на крави и стелни јуници опаднал за 8,12% во споредба со перидот од 2003-2006 година и за 14,43% во споредба со периодот од 1999-2002 го­дина. Ваквите податоци не треба посебно да загрижуваат, бидејќи почнувајќи од 2009 година кога имаме само 128628 крави и стелни јуници, во следните години овој број се постојано се зголемува и истиот во 2011, 2012 и 2013 година изнесува 164537, 161012 и 154487, соодветно и истиот е под нивото од 2006 година.

Табела 1. Број на добиток

Год.

Говеда

Свињи

Овци

Коњи

Вкупно

Крави и

стелни ј.

Вкупно

Маторици и спрасни назимки

Вкупно

Овци за

приплод

1999

270147

171969

226047

32674

1288733

868661

57152

2000

264968

171745

204135

29247

1250686

887057

56486

2001

265266

174255

189293

26541

1285099

896769

45638

2002

258973

172784

196223

29999

1233830

882823

41775

2003

259976

160810

179050

31508

1239330

827435

42883

2004

254803

161554

158231

23960

1432369

1005271

40391

2005

248185

156950

155753

24809

1244000

833181

39651

2006

255430

164013

167116

28148

1248801

858684

40553

2007

253766

143217

255146

42533

817536

551379

31065

2008

253473

147519

246874

34972

816604

587625

30936

2009

252521

128628

193840

27993

755356

521524

29418

2010

259887

135004

190552

28279

778404

568301

26658

2011

265299

164537

196570

24180

766631

545631

25415

2012

251240

161012

176920

23534

732338

520767

21676

2013

238333

154487

167492

23581

731828

530760

20682

Извор. Статистички годишник на РМ 2000-2013, Државен завод за статистика

 

Од податоците во табе­ла 1 мо­же да се види дека почнувајќи од 1999 година, па се до 2005 година вкупниот број на сви­њи постојано опаѓа, за да во 2007 година имаме драстично зголемување на истиот и по­тоа повторно да бележи нега­тивен тренд. Ова непосредно се одразува на бројот на сви­њите во разгледуваните под­периоди, па така во периодот од 1999-2002 година просечно имало 203925 свињи, во периодот од 2003-2006 година просечно имало 165038 свињи и во периодот од 2007-2013 година тој број е 203913. Според тоа, во перидот 2007-2013 година просечниот број на свињи е поголем за 23,56% во споредба со периодот од 2003-2006 и е еднаков со бројот на свињите во периодот 1999-2002 година.

На прв поглед ова е во ред, меѓутоа овој број се дол­жи на екс­трем­ното зголемување на бројот на свињите во 2007 и 2008 година во споредба со претход­ниот период, а потоа повторно имаме брзо опаѓање и во 2013 година вкупниот број на свињи е 167492, што секако треба да загрижува, особено ако се има пред­вид дека скоро во целиот разгледуван период производството на свињско месо опаѓа, за што покасно ќе стане збор. Што се однесува до маториците и спрасните назимки, во периодот од 1999-2002 година нивниот просечен број изнесува 29615, за да потоа во периодот 2003-2006 година се намали на 27106 и во следниот период од 2007-2013 година се зголеми на 29296, што значи зголемување за 8,08% во споредба со периодот од 2003-2006 и намалување од 1,08% во споредба со перидот од 1999-2002 година, соодветно. Меѓутоа, како што може да се види и овде сосотојбите се должат на драстичното зголемување на бројот на матори­ци­те и спрасните назимки во 2007 година, кога имаме дури 42533 маторици и спрасни назимки, за да потоа овој број постојано опаѓа и во 2013 година тој изнесува само 23581, што значи дека заедно со бројот на маторици и спрасни назимки од 23534 во 2012 година е најмал периодот од 1999-2013 година.

Според податоците од табела 1 може да се каже де­ка состојба­та во овчарството е катастрофална. Имено, во периодот од 1999-2006 година како вкуп­ниот број на овци, така и бро­јот на овци за приплод е рела­тивно константен, за да потоа во периодот од 2007-2013 го­дина имаме значајно намалу­вање. Така, во периодот од 1999-2002 година просечниот број на овци изнесувал 1264587, во периодот од 2003-2006 година тој број е 1291125, а во периодот од 2007-2013 година просечниот број на овци е 777242. Според тоа, просечниот број на овци во пе­риодот 2007-2013 годи­на во однос на пе­риодите 1999-2002 и 2003-2006 годи­на се на­малил за не­веројатни 39,01% и 40,27%, соодветно. Слична е состој­бата и со ов­ците за приплод, каде просечниот број од 883826 во периодот од 1999-2002 година се нама­лил на 881143 во периодот 2003-2006 година, односно на 546570 во периодот од 2007-2012 година, што значи дека во однос на претходно разгледуваните периоди се нама­лил за цирка 38%. Што ова значи, не треба посебно да се коментира, но само ќе споме­не­ме дека по­следното непосредно се одразува како на производството на овчо месо, за што покасно ќе говориме.

Како што можеме да видиме во целиот период имаме негати­вен тренд на вкупниот број ко­њи, па така ако во периодот од 1999-2002 година имало просеч­но 50263 коњи, во периодот од 2003-2006 го­дина тој број опад­нал на 40870 коњи, за да во пе­риодот од 2007-2013 го­дина ис­тиот изнесува само 26550 коњи. Според тоа, во пери­о­дот од 2007-2013 година просечниот број на коњи во однос на перио­дот 2003-2006 годи­на е намален за 35,04%, а во однос на периодот од 1999-2002 година е намален за 47,18%, што значи дека скоро е преполовен. Но сосотојбата е уште поалармантна, што мое да се види од фактот дека во 2013 година бројот на коњите е само 20682.

Табела 2. Број на живина и пчелни семејства

Год.

Живина

Пчелни семејства

1999

3223184

74972

2000

3713369

75481

2001

2749637

70869

2002

2900966

70088

2003

2417362

71602

2004

2725298

69036

2005

2617012

66738

2006

2585327

67804

2007

2263894

58307

2008

2226055

61705

2009

2117890

53439

2010

1994852

76052

2011

1944260

65277

2012

1776297

52897

2013

2201550

68294

Извор. Статистички годишник на РМ 2000-

2014, Државен завод за статистика

Во табела 2 се дадени по­дато­ци за бројот на живината во разгледу­ваниот период. Како што можеме да видиме, бројот на живината има посто­јан нега­ти­вен тренд во целиот пери­од, освен зголемувањето во 2013 однос на 2012 година, и истиот се намалил 3713369 во 2000 година на само 1776297 во 2012 годи­на, што зна­чи дека има­ме намалување од не­веро­јат­ни 52,16%. Меѓутоа, спо­ред податоците на ДЗС, овој број е дра­стично зголемен на 2201550 во 2013 година.

Последното секако е позитивно, но овде ќе забележиме дека ваквиот податоц покажува извесна неусогласеност со производството на живинско месо во 2013 година кои бележат намалување од 144 тони месо. Сепак, и покај ваквата неусогласеност во разгледуваните периоди имаме намалување на просечниот број на жи­вина. Имено, ако во периодот од 1999-2002 го­дина про­сечниот број на живина из­несувал 3146789, тој во периодот од 2003-2006 година опаднал на 2586250, за да во периодот од 2007-2013 година изнесу­ва само 2074971. Според тоа, во перио­дот од 2007-2013 го­дина бро­јот на живината во однос на периодот 2003-2006 година опаднал за 19,77%, а во од­нос на перио­дот 1999-2002 годи­на тој се намалил за ду­ри 34,06%. Јасно, на произ­водството на жи­винско месо, на што покасно ќе се навра­тиме.

Во табела 2 е се да­дени податоците и за про­ме­ните на бројот на пчелните семејства во разгледуваниот период. Како што можеме да видиме и во овој случај имаме нега­тивна тенденција, со тоа што просечниот број на од 72853 во периодот 1999-2002 годи­на опаднал на 68795 во пе­риодот од 2003-2006 година, односно на 62281 пчелни семејства во периодот од 2007-2012 година, со тоа што во 2009 и 2012 година е најнизок за целиот разгледуван период. Што ова значи не треба посебно да се говори, меѓутоа важно е да се напомене дека нама­лу­вањето е 9,47% во однос на периодот од 2003-2007 година, т.е. од 14,51% во однос на периодот од 1999-2002 година. Покрај тоа, може да се каже дека и покрај евидентните субвенции кои државата ги одвојува по пчелно семејство, сепак во периодот по 2006 година, не само што имаме намалу­ва­ње на бројот на пчелни семесјтва, туку истиот нетипично осцилира од годи­на во година, при што во некои случаи промените на годишно ниво се од 20-42%.

Вртоглав пад на производството на месо

Важен дел во сточар­ското произвоство е произ­водството на месо, за кое по­да­тоците се дадени во табела 3.

Табела 3. Производство на месо во тони

Година

Вкупно

Говедско

Свинско

Овчо

Живинско

Друго

1999

26512

7732

9189

4396

3757

1441

2000

27470

7287

9323

4919

4840

1101

2001

26041

5835

8413

5789

4702

1302

2002

27471

6738

10626

4637

3992

1478

2003

29835

8691

9609

5895

4116

1524

2004

29839

8824

9373

7030

3189

1423

2005

28264

7604

8897

6857

3809

1097

2006

28041

7132

8633

7198

3715

1363

2007

27228

7121

8856

6495

3524

1232

2008

25065

7018

8703

5204

3012

1128

2009

25362

7307

8291

5225

3319

1220

2010

23271

6082

8292

4786

3236

875

2011

21632

5301

8340

6370

1621

0

2012

23124

4981

10598

5600

1945

0

2013

20856

5485

8845

4725

1801

0

Извор. Статистички годишник на РМ 2000-2014, Државен завод за статистика

Како што мо­же да се види, во периодот од 1999-2004 имаме тен­ден­ција на зголемување на вкуп­ното производство на ме­со, за потоа до 2011 година ис­тото постојано опаѓа. Но, во 2012 година имаме зголему­ва­ње, кое се должи на нереалното зголемување на производ­ството на свин­ско месо и кое е резултат на намалувањето на бројот на свињите за при­ближно 20000 грла. Меѓутоа, веќе следната година продолжува намалува­њето на вкупното производство на месо, при што имаме незна­чително зго­лемување на производството на говедско месо, што е резултат на намалу­вање на бројот на говедата за забележителни 12907 грла.

Сето ова резул­ти­ра да во периодот од 1999-2002 година просечното го­дишно про­изводство на месо изнесувало 23874 тони, па потоа истото во периодот од 2003-2006 година пораснало на 28995 тони, за да во периодот од 2007-2013 година опадне на 23791 тон, што во споредба со периодот од 1999-2002 година зна­чи намалување од 11,47%, а во споредба со периодот од 2003-2006 година значи намалување од значи намалување за 5203 тони или 17,95%. Меѓутоа, кога сме кај вкупното производство на месо загрижува податокот дека производството во 2004 година е за 8983 тони или неверојатни 43,07% поголемо од производството во 2013 година.

Во разгледуваниот пе­риод имаме намалување на про­извод­ството на говедско месо, од кое во периодот од 1999-2002 година про­сечно годишно се произведени 6898 тони, па во периодот од 2003-2006 година имаме про­сечно годишно про­изводство од 8063 то­ни, за да во периодот од 2007-2013 година ова производ­ство опадне на 6185 тони. Тоа значи дека во перио­дот 2007-2012 година просеч­но­то го­дишно производство е по­мало за 1873 тони отколку во пе­риодот од 2003-2006 година или за 23,28%, а во однос на периодот од 1999-2002 година е помало за 10,34%.

Што се однесува до просечното годишно производ­ство­ на свинско месо, истото во пе­риодот од 1999-2002 го­дина изне­сува 9388 тони, во периодот 2003-2006 година тоа е 9128 тони, за да во периодот од 2007-2012 година опадне на 8846 тони, што значи дека во споредба со периодот 1999-2002 година тоа се намалило за 5,77%, а во споредба со периодот 2002-2006 година се намалило за 3,09%.

По­натаму, паралелно со намалувањето на бројот на овците во пе­ри­одот од 2007-2012 година имаме и намалување на просечното го­дишно производ­ство на овчо месо и тоа од 4935 тони во периодот од 1999-2002 го­дина имаме зголемување на 6745 тони во периодот од 2003-2006 година, а потоа нама­лување на 5486 тони во периодот од 2007-2013 година, што значи во споредба со претходниот период намалувањето изнесува 18,66%.

Конечно, во разгледуваниот период најголемо е намалувањето на производството на живинско месо. Имено, ако во периодот од 1999-2002 година просечното годишно производство на живинско месо изнесувало 4323 тони, тоа во пе­риодот од 2003-2006 година се намалило на 3707 тони, за да во периодот 2007-2013 година изнесува 2636 тони, што значи дека во спо­редба со прет­ходинте два пе­риода се намалило за 39,00% и за 28,87%, соодветно. Што се одне­сува до состојбата со производството на друго ме­со не е потребен никаков ко­ментар, бидејќи во перидите од 1999-2002 и од 2003-2006 го­дина тоа изнесувало околу 1340 тони, за да во периодот од 2007-2013 го­дина истото опадне на само 743 тони.

Континуиран пораст на увозот на месо

Во претходните разгледувања се осврнавме на производството на месо во периодот од 1999-2013 година. Како што видовме истото контимуирао се намалува. Нормално, овој тренд се одразува на увозот на месо во разгледуваниот период, за што податоците се дадени во табела 4.

Табела 4. Увоз на месо во тони

Год.

Вид на месо

Живина, исечена,

замрзната

Месо, говедско, со коски,

свежо или разладено

Месо свинско,

замрзнато

1999

19469

8251

3585

2000

18756

8512

4402

2001

16992

9193

4882

2002

18838

11004

5415

2003

19780

9710

4704

2004

24890

9287

4693

2005

21229

8613

5008

2006

20025

7955

5510

2007

25303

6579

6324

2008

25927

7438

8256

2009

29523

7727

10169

2010

29827

7605

9243

2011

30690

8197

8477

2012

34914

7490

9445

2013

35378

6682

10333

Извор. Статистички годишник на Република Македонија 2000-2014 година

Како што гледаме во из­минатиот период увозот на месо постојано расте, при што најбрзо расте увозот на живинско месо, што е после­дица од севкупните состојби во живинарството. Притоа, вкупниот увоз на месо од 30305 тони во 1999 година се зголемил на 52393 тони во 2013 година, а до­дека во периодите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просечниот годишен увоз на месо бил 32325, 35531 и 46503 тони, соодветно. Според тоа, годишни­от про­сечен увоз на месо во периодот 2007-2012 година се зголемил за 31,55% во однос на периодот 2003-2006 година и за 43,86% во однос на периодот 1999-2002 година. Што се однесува до живинското ме­со, во периодите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просечниот увоз бил 18514, 21481 и 30223 тони, соодветно. Тоа значи дека во пери­одот 2007-2013 година се зголемил за 40,69% во однос на периодот 2003-2006 година и за 63,25% во однос на периодот 1999-2002 година.

Просеч­ниот годишен увоз на свинско месо во периодите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година бил 4571, 4979 и 8892 тони, соодветно, што значи дека во периодот од 2007-2012 година се зго­лемил за 78,61% во однос на перио­дот 2003-2006 година и за 94,54% во однос на пери­одот 1999-2002 година. Конечно, просечниот годишен увоз на говедско месо во перио­дите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година бил 9240, 8891 и 7388 тони, со­од­ветно, што значи дека во периодот од 2007-2013 година се намалил за 16,90% во однос на периодот 2003-2006 година и за 20,04% во однос на периодот 1999-2002 година.

Од податоците дадени во табелите 3 и 4 непо­сред­но се гледа де­ка во периодот од 1999-2013 година дошло до значителна промена во про­центуалната застапеност на живинското, говедското и свинското месо за потребите на непосредната потрошу­вачка и прехранбената инду­стрија. Овој сегмент нема посебно да го коментираме, бидејќи за истото се потребни дополнителни анализи од соодветни стручни лица, кои треба да одговорат на прашањето:

Како се одразува на квалитетот на живеењето промената на просечната процентуална застапеност на говед­ското, свин­ското и живинското месо?

Имено, во периодот од 1999-2002 година оваа процентуална застапеност била 30,47%, 26,33% и 43,2%, соодветно, во периодот од 2003-2006 година била 30,11%, 25,13% и 44,76%, соодветно и во перидот од 2007-2013 го­дина била 21,27%, 27,61% и 51,12%, соодветно, при што истата е најлоша во 2013 година, каде процентуалната застапеност изнесувала 17,75%, 27,99% и 54,26%, соодветно?

Табела 5. Увоз на месо, во илјади САД долари

Година

Производи

Живина, исечена,

замрзната

Месо, говедско, со коски,

свежо или разладено

Месо свинско,

замрзнато

1999

15097

14709

6241

2000

15799

14120

8328

2001

15780

13317

9202

2002

16067

17027

9893

2003

16743

16403

9481

2004

24567

17649

11502

2005

20630

17141

12063

2006

17557

22722

12684

2007

31182

21791

15863

2008

37467

25505

22290

2009

39151

25472

25520

2010

36103

23573

23890

2011

43955

31656

26139

2012

53299

29424

27779

2013

57237

26202

28328

Извор. Статистички годишник на Република Македонија 2000-2014 година

На крајот од овој дел ќе се освр­неме на финансиските ефек­ти од зголемениот увоз на месо во периодот од 1999-2013 година. Во табелата 5 се дадени податоци за увозот на месо во периодот од 1999-2013 година изразени во САД долари. Притоа трошоците за увоз на месо се зголемиле од 36047000 САД долари во 1999 година на 111767000 САД долари во 2013 годиа, а додека во пери­одите од 1999-2002, 2003-2006 и 2007-2013 година просечните годишни трошоци за увоз на месо биле 38895000, 49785000 и 93118000 САД долари, соодветно, што значи дека во периодот од 2007-2013 година потрошените средства за увоз на месо во однос на периодот 2003-2006 година се зголемиле за 87,04%, а во однос на периодот од 1999-2002 година тоа зголемување из­несува неверојатни 139,41%.

Економски успеси или манипулација со бројки?

Во бројните настапи реформаторите и нивните гласноговорници ја бомбардираат јавноста за наводни позитивни показатели во извозот на земјоделски производи. Притоа, стандардно се соопштуваат бројки за зголемување на извозот во стотици милиони долари, но тоа е само еден дел од големата слика. Во табела 6 се дадени податоците вкупниот извоз и увоз и покриеноста во % на увозот со извозот во секторите кои го опфаќаат земјоделското производство и производството на храна за периодот од 1999-2013 година.

Од податоците во табела 6 може да се види дека е точен податокот за зголемување на зивозот во висина од приближно 250 милиони долари во 2013 година, во однос на 2006 година. Меѓутоа, ефектот на расипаното огледало на маќеата на Снежана (исправното ја говори само вистината) може да се види доколку паралелно со ови податоци се погледнат и податоците за увозот во разгледуваните стокови сектори. Имено, токму во 2013 година во однос на 2006 година увозот е зголемен за повеќе од 374 милиоми долари, што не е чудно, особено ако се земе предвид споменатата состојба со увозот на месо, но и на други производи, за што ќе говориме во некоја друга прилика.

Табела 6. Вкупен увоз и извоз во илјади САД долар и покриеност во % на увозот со извозот

Година

1999

2000

2001

2002

2003

2004

2005

Извоз

224410

194802

185089

200506

229120

253205

330371

Увоз

246206

237402

215210

267926

298979

370016

415264

Покриеност

91,15

82,06

86,00

74,84

76,63

68,43

79,56

Година

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

Извоз

385382

457387

534303

482954

536293

620284

586190

639055

Увоз

392990

563491

692114

612089

619096

758519

773458

767582

Покриеност

98,06

81,17

77,20

78,90

86,63

81,78

75,79

83,26

Извор. Сопствени пресметки според податоците од ДЗС

  

Што се однесува до покриеноста на увозот со из­возот се менува од година во година, но од табела 6 се гледа дека истата е помала во перио­дот од 2007-2013 го­дина. Така, во периодот од 1999-2002 година вкупниот извоз бил 804807000 САД до­лари, а додека вкупниот увоз бил 966744000 САД долари, што значи дека покриено­ста на увозот со извозот из­несувала 83,25%, во периодот од 2003-2006 година вкупниот извоз бил 1198078000 САД долари, а додека вкупниот увоз бил 1477249000 САД дола­ри, што значи дека покриено­ста на увозот со извозот из­несувала 81,10% и во периодот од 2007-2013 година вкупниот извоз бил 3856466000 САД долари, а додека вкупниот увоз бил 4786349000 САД долари, што значи дека покриеноста на увозот со извозот изнесувала 80,57%. На претходно кажаното не е потребен дополнителен коментар, освен да забележиме дека во последните седум години имаме сериозно намалување на покриеноста на увозот со извозот за дури 2,68% во споредба со периодот од 1999-2002 и минимално намалување од 0,53% во споредба со периодот 2003-2006 го­дина.

Во претходниот дел говоревме за проценти, кои несомнено се најреален показател за движењата на физичкиот обем на производството и финансиските ефекти од истото. Меѓутоа, добро е да се погледнат и апсолутните показатели изразени во САД долари. Така, од податоците во табела 6 може да се види дека про­сечниот трговски дефицит на овој стоков сектор во периодот 1999-2002 година изне­су­вал 40484250 САД долари, за да истиот порасне во перидот од 2003-2006 година на 69792750 САД долари и во перидот од 2007-2013 година да изнесува дури 132840429 САД долари.

Што ова значи, не треба посебно да се говори, но за да некои работи не добијат шпекулативен карактер, па да имаме бомбастични пресконференции на кои повторно ќе се говори за 250 милиони долари зголемен извоз, добро е да се знае дека финансискиот ефект како извозот, така и на увозот меѓу другото се должи и на порастот на вкупните глобални цени на храната, кој според светските научни авторитети само во периодот од 2006-2008 година изнесувал приближно 83%. Оттука, соопштувањето на податоци за извозот изразен во САД долари, а без притоа да се соопштат податоци за увозот и податоците за движењето на глобалните цени на храната е само ефтин политички маркетинг, чија цел е повеќе од очигледна. Сепак, овде ќе споменеме дека и овие показатели укажуваат на на негативните тенденции во земјоделството и производството на храна, бидејќи како што може да се види просечниот трговски дефицит во периодот 2007-2013 година е поголем за приближно 93 милиони САД долари во однос на истиот од периодот 1999-2002 година, односно за 62 милиони долари во однос на истиот за периодот 2002-2006 година.

Збор- два за и околу моралот и  етиката на јавните настапи

Имајќи го предвид претходно изнесеното, од кое евидентно може да се согледаат манипулациите со бројките кои подолго време ги пласираат реформаторите и бројните квазиексперти, квазианалитичари и квазиновинари, човек не може а да не се посомнева во моралниот кредибилитет на овие луѓе. Ова посебно треба секого да загрижува, бидејќи обидот за манипулации не ретко се прави од високи државни функционери, а богами и од парламентарната говорница.

Меѓутоа, безобразлукот оди и до таму што гласноговорниците вработени во некои медиуми, наместо на фактите и аргументите да се спротистават со факти, континуирано со голема доза на малограѓанштина и клеветење се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми. Јасно, последното има за цел да се прикријат лошите политики и резултатите од истите, да се притисне јавноста со тоа што во континуитет ќе се девалвираат лицата кои аргументирано говорат за состојбите во државата, кои според многу параметри се далеку од добри. Искрено се надевам дека неодамнешната смена на директорката на ДЗС не е само уште еден обид да се прикрие неуспехот од т.н. реформи со тоа што следниот директор ќе добие задача “успешно” да манипулира со бројките во Статистичкиот годишник, бидејќи ако ова се случи тогаш истото ќе биде само уште еден неспоред доказ за неморалот на рефомраторите и нивните слуги.

Во прилог на ова е и сеопфатната економска анализа за состојбите во аграрот, чии делови се овде искористени, а која во следниот период ќе и биде презентирана на јавноста. За крај сакам да ви порачам дека вашето клеветење, спинување и лажење, како и евентуалното измислување на небулози и глупости, како за мене лично, така и за членовите на моето семејство, нема да ме поколеба во следниот период јавноста да ја запознаам со вашето погубно работење, како за граѓаните, така и за Република Македонија.

Д-р Самоил Малчески

 

Поврзани новости