Студентскиот пленум најавува герила акции до среда

by Фокус

Студентскиот пленум во среда најави освојување на Универзитетот, но пред тоа тие планираат неколку герила акции. Интегрално ви го пренесуваме нивното соопштение.

Земајќи го предвид седмиот генерален пленум, најавен како „Автономнa зона“, забележителни се активности во аулите на неколку факултети. Студенти и членови на Студентскиот Пленум се присутни во аулите на: Правен факултет „Јустинијан Први“, Филозофски факултет, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Природно математички факултет, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошки-металуршки факултет, Машински факултет при УКИМ.

Потсетуваме дека студентите укажаа на потребата од повторно освојување на Универзитетот, односно креирање на автономна зона.Студентскиот пленум во описот на настанот закажан во среда, во 12ч. на платото на УКИМ, истакнаа дека:

Одложувањето на примената на членовите од законот, беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование.

 „Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование.“

Значајно да се напомене е дека во аулата на „Јустинијан Први“ е закачено и платно кое беше истакнато од дел од професорите на тој факултет, пред три години, кога повторно преку измени на Законот за високо образование се вршеше груб упад во автономијата на Универзитетот.

Поврзани новости