ЦИВИЛ бара одговорност за масовното следење на комуникациите

by Фокус

Цивил-Центарот за слобода најостро го осудува „дрското, бескрупулозно и криминално однесување на одговорните“ за масовното прислушување кое денеска го облеодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– На прес-конференцијата на СДСМ се изнесоа фрапантни податоци за незаконско следење на комуникацијата на над дваесет илјади граѓан(к)и во земјата. Денеска стана очигледно дека власта ги третира граѓан(к)ите на Македонија полошо и од криминалци и од терористи, преминувајќи ги сите граници и законски ограничувања за следење на комуникациите. Со ваквата пракса потполно се релативизира владеењето на правото и најгрубо се кршат човековите права и слободи – се наведува во реакцијата на Цивил.

Цивил бара итна истрага за одговорните во операцијата, почнувајќи од налогодавците, завршувајќи со оние што дале согласност за криминалните постапки, вклучувајќи ги истражните органи, како и јавното обвинителство и други судски инстанци кои се огрешиле од законот и грубо ги загрозија човековите права и слободи на граѓан(к)ите во изминатите години.

Тие ги повикуваат сите медиуми да ги објавуваат материјалите кои сведочат за, како што велат, грубото кршење на човековите права и слободи во Македонија и да ги игнорираат заканите од каде и да доаѓаат, дали од обвинителот Зврлевски, од власта или медиумите под нејзина контрола.

– Нивните закани немаат правна основа. Напротив, тие претставуваат газење на Уставот и законите на Република Македонија, стои во реакцијата на Цивил- Центарот за слобода.

 

Поврзани новости