Студентски пленум: Веднаш да ги ослободите нашите херои

by Фокус

Студентскиот пленум на Фејсбук реагираше за приведувањата на демонстранти кои учествуваа во синоќешните протести.

„Нашите колеги и другари на фотографијата, со кои минатата година рамо до рамо ја браневме универзитетската автономија и достоинство, вечерва се насилно и брутално приведени од страна на полицијата. Ова се луѓе кои со своето знаење, доблест и храброст се истакнале во борбата за поправедно општество. Непредизвиканиот насилен однос од полицијата и третманот како хулигани нè убедува уште посилно и погласно да бараме правда во нашата држава!

Бараме истите итно и безусловно да бидат пуштени, а виновните за пречекорувањето на полициските овластувања да бидат соодветно санкционирани!

Овие другари вечерва физички се повредени, но нивното достоинство е цврсто и здраво! Тие се наши херои!
Се гледаме утре во 6!

 

Поврзани новости