СЈО отворa истраги, Иванов го заштити Груевски од притвор?

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство закажа прес конференција на која се очекува дека обвинителите Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски ќе ја одбијатр аболицијата која им ја даде Иванов. Според информациите овие обвинители се пријавени од страна на сведоци во некои од процесите кои ги води СЈО откако биле посетени и испрашувани за криминалот на власта.

СЈО смета дека тековните испрашувања на сведоците не може да бидат кривично дело и дека обвинителите ништо не сториле надвор од законот за сега Иванов да ги ослободува од одговорност. Освен што СЈО нема да се согласи со аболицијата се очекува денеска да отвори нова истрага. Иако сега се соочени со опасноста секоја истрага да им биде осуетена со нови и нови аболиции на Иванов, сепак СЈО смета дека ваквата ситуација е неодржлива, спротивна на Договорот од Пржино и дека нема да опстои.

Иако СЈО ја има целосната поддршка од Меѓународната заедница, која упорно повторува да не се опструира работата на СЈО, сепак Иванов директно удри по Специјалното обвинителство. Практично неговата одлука за аболиција е насочена токму кон укинување на СЈО, исто како што е иницијативата пред Уставен суд за укинување на институцијата и која може да биде активирана кога и да посака власта.

Секако дека дилема остана од каде Иванов ги има податоците за сите за кои СЈО води предистрага. Со оглед дека името на Груевски се појавува во седум случаи стана јасно зошто Иванов побрза со аболицијата- да спречи испрашување на Груевски пред судија на претходна постапка и евентуално одредување притвор затоа што според најавие во една од наредните истраги на СЈО ќе биде опфатен и тој.

Поврзани новости