Студентски пленум утре организира хуманитарна акција за семејствата во поплавените региони

by Фокус

Студентски пленум утре во 10 часот организира хуманитарна акција на улица Македонија, кај споменикот „Мајка Тереза“ за да се собере вода, средства за хигиена, конзервирана храна, чорапи, облека и ќебиња за семејствата во поплавените региони.

– Сочувствуваме со семејствата чии што домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен.Ги повикуваме сите наши колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и истите да одвојат средства, се со цел да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани. Ве повикуваме да се СОЛИДАРИЗИРАМЕ со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава – се наведува во соопштението од Студентскиот пленум.

 

 

 

Поврзани новости