Силванева ќе оди на молитвениот појадок кај Обама. Според нејзиниот тарифен модел за патни трошоци, не ме чуди што неа ја праќаат.

by lali 13:33
13:33

„Шефот на државата Ѓорге Иванов годинава нема да оди на молитвениот појадок кој го организира претседателот на САД, Барак Обама затоа што не е тука, во приколката во Асамати е, таму сега песокот е влажен па полесно се прават кули од него. А и нема гужви па никој не му ги растура а тоа го прави среќен. Сите добро знаете он колку е осетлив на такви работи, па може да се повлече во себе и со месеци со никој да не разговара. Затоа ве молиме за разбирање. Обратете се на некоја друга адреса. Ете, нека оди Силванева, она е по патувањата.“ – се вели во соопштението на претседателот.

Инаку друштво на Силванева ќе и прави и пратеничките Роза Топузова-Каревска. По пат ќе имаат за многу работи да си поприкажат.

- Advertisements -

 

Изјавата е измислена и сатирична и служи како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста таа во иднина по некоја случајност да стане реална и точна.