402
Откако денеска, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов ги потпиша указите за законот во високото образование, веднаш со реакција се јавија и од Студентскиот пленум. Тие својата реакција ја објавија на нивната фејсбук страна.
– Ниту државнички, ниту професорски потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование. Студенти спремни ли сме да го покажеме револтот повторно, но и поинаку – напишаа студентите.
Пред само неколку часа, во јавноста излезе информација од Кабинетот на шефот на државата дека не ставил вето на новите законски измени во високото образование, кои веќе подолг период предизвикуваат низа негативни реакции.