Иванов не стави вето на новите законски измени, туку ги потпиша указите за законите од образованието

by Фокус 21:10
21:10

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов не стави вето на новите законски измени во високото образование, како што побараа од него Студентскиот и Професорскиот пленум, туку напротив, ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што беа усвоени на собраниската седница на 14 јануари.

Според него, Македонија има неспорна потреба од успешна трансформација на високото образование.

- Advertisements -
Banner 300x250_

– Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование – се наведува во соопштението од Кабинетот.

Од таму додаваат дека Иванов смета, дека само на овој начин  Македонија ќе може да се приближи кон современите меѓународни научни достигнувања.

Поврзани новости