Студентскиот пленум смета дека со одложувањето на спорните одредби во високото образование, кое вчера беше изгласано во Собранието, власта само признала дека нејзините потези се нелогични, а единствена причина што целосно не ги повлекла е тоа што суетата не им дозволува да преземат таков чекор.
-Секој оној кој би бил на власт – при конципирањето на измени, односно реформи во иднина, да има во предвид секогаш да се слуша гласот на засегнатите страни како што беа студентите во овој случај. Со слепо и глуво донесување на мерки само се зголемува постоечкото незадоволство и создава револт кој никако нема да се згасне со еден мораториум. На македонските студенти им е потребен целосно нов Закон за високо образование, во чие создавање тие мора да бидат слушнати и вклучени, се вели понатаму во соопштението на Студнтскиот пленум.