Раководството на СДСМ на конгрес на ПЕС во Будимпешта

by Фокус

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев  денеска и утре ќе учествува на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), што ќе се одржи во Будимпешта.

Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.

Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа.

Предвидено е делгацијата на СДСМ и претседателот Зоран Заев да остварат и повеќе средби со високи владини и партиски функционери од сестрински социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии.

Поврзани новости