436
Студентите сместени во студенскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ преку социјалните мрежи информираат дека веќе неколку дена се оставени без парно, но и струја. Дека студентите мрзнат без греење на својот фејсбук напиша пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев.
„Откако власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување најпрво пред изборите ги изжедни студентите од „Кузман“ оставајќи ги без вода, сега пост-изборно ги наградува со сибирски тренинг на издржливост на -20 и со бесплатна обука за учење под свеќа! Шегата на страна, Министерство за образование и наука итно да го реши проблемот уште денес, за да не бидеме приморани ние младите и студентите сами да делуваме и да се солидаризираме“, напиша Богоев.