Забрана за тешки товарни возила на Стража поради обилни врнежи на снег

by fokus

АМСМ вечерва соопшти дека на планинскиот премин Стража поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки товарни возила.

Оттаму исто така информираат дека е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Веќе цел дел целосно отсечен е патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.

Поврзани новости