Студентите прогласија автономна зона на техничките факултети, не се држи настава на Машински

by Фокус

Окупацијата на студентите денеска продолжува и на техничките факултети. Во моментот Пленумци ја бојкотираат наставата и на Машинскиот факултет, каде што не се држи настава во ниту една предавална. Со транспарент „Автономија“, студентите ги поздравија сите Пленумци кои во моментов се пред Машински факултет, и им порачаа дека прогласуваат Автономна зона и на овие факултети.

Претставници од пленумите на техничките факултети во својот говор потсетија колку премиерот Никола Груевски брзо ги менува ставовите, па така од реториката дека не знае зошто протестираат, дојде до тоа вчера пратениците да изгласаат одложување на примената на законот. Тие ќе останат таму се до изготвување на целосно нов закон.

Поврзани новости