По денешните студентски протести пред Македонското собрание, група на студенти седнаа на преговарачка маса со актуелниот министер за образование Јетон Шаќири.
Тие успеаја да ја издвојуваат битката и новиот предлог закон да биде отфрлен, а на сите студенти до 15 март, 2023 година да им биде извршена исплата на сите студентски оброци.
„Исплатата на студентиските оброци ќе биде по старите критериуми, поточно новиот предлог закон за субвенциониран оброк е отфрлен. Студентите успеаја да избоксуваат сите исплати да се извршат најдоцна до 15 март догодина, додека до 15 декември ќе се исплаќаат септември, октомври и ноември.
Тоа е едно големо достигнување за сите нас. Од сега во работните групи ќе бидеме вклучени и ние, така да секогаш ќе бидеме тука да се избориме за нашите права“, истакна во изјава за „Фокус“, Славчо Темелковски.
Денешниот протест помина во мирна атмосфера, а здружението „Студенстки отпор“ бараа повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повисокиот износ, за студентите да не важат антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, а бараат и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.