Студентите излегуваат на протест

by fokus

Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротивставиме на уништувањето на студентскиот стандард, вели претседателството на Студентски oтпор од каде за во понеделник повикаа на мирен студентски протест за да го искажат незадоволството.

-Нашите барања до надлежните институции се следни:
1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, и воведување на нашите предлог измени со кој се предвидува зголемување на оброкот од 120 на 150 денари.
2. Изедначување на стипендиите со повискиот износ.
3. Изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.
4. Подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови
Понеделник во 16:00 пред Собранието на Р.Македонија те повикуваме на мирен студентски протест да го искажеме нашето незадоволство и револт.
Дојди, приклучи се и биди дел од студентскиот отпор!, се вели во повикот.

Студентите се жалат на немање парно и лифт во домовите кои не се реновирани со години, а сега власта предложи измени на законот за студентски оброк и предложи да се укинат субвенциите за студентите кои земаат стипендија, апсолвентите и други, но под притисок на јавноста предлог измените беа повлечени.

Поврзани новости