401
„Стоп за лошите реформи“, „Ова не е пазар“, „И спомениците да можат ќе си отидеа од тука“… – овие пораки можеа да се прочитаат од транспарентите што ги истакаа студентите и средношколците против екстерното тестирање, или, пак, државниот испит, како што го нарекува владата.
Платото пред УКИМ е претесно да ги собере неколкуте илјади луѓе кои наскоро ќе тргнат на маршот до владината зграда.
Може да се забележи дека им се приклучуваат и професори и доктори.