Средношколци масовно се приклучуваат на протестот организиран од студентите

by Fokus

И покрај информациите дека им се вршат притисоци да останат во училниците, средношколците масовно се упатуваат кон платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, да им се приклучат на студентите кои го организираат денешниот протест против мерката за дополнителната проверка на нивното знаење, од  која владата упорно не отстапува.

Веќе може да се забележат неколку илјади млади луѓе со разни транспаренти пред платото на УКИМ, од каде треба да тргне маршот, кој, преку републичкото собрание, треба да финишира пред владата на Илинденска.

Организаторите претходно ги повикаа учесниците на демонстрацијата да не употребуваат говор на омраза и да не подлегнуваат на провокации од страна на партиите.

Protest 3

Поврзани новости