ДПА: Власта носи партиски и едноетнички грб на државата

by Фокус

Предлогот нов државен грб да биде црвен лав на златна основа е целосно партиски и едноетнички, реагираат од албанската опозициска партија ДПА.

– Целосното потчинување на ДУИ спрема ВМРО овие денови кулминира со предлогот на владата за државниот грб, поднесен од министерството за правда, кое се раководи од кадарот на ДУИ, Аднан Јашари. Со овој предлог за државниот грб не само што не се прави деетнизација на државните симболи туку се случува спротивното. Се предлага партиски и целосно едноетнички симбол за државен грб – изјави Беким Фазлиу, пратеник на ДПА.

Тој во името на партијата побара владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ под итно да го повлече овој предлог од процедура и да отвори вистински дијалог за изнаоѓање на друго решение за државен грб, што ќе ги содржи специфиностите на двата најголеми народи во државата.

Поврзани новости