Стружанец тешко повреден од глисер во Охридско езеро

by fokus

60-годишниот С.Ч. од Струга е тешко повреден од глисер во Охридско езеро и пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Од МВР информираат дека инцидентот се случил кај месноста викана „Машка плажа“.

„На 31.07.2019 година околу 18,00 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга. Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости