Стружанец прегазил двајца пешаци

by fokus

Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.

– Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Поврзани новости