Стружанец паднал и се повредил во обидот да избега од полицијата додека го приведувале за марихуана

by fokus

Стружанец од селото Радолишта се повредил вчера додека полициски службеници го приведувале поради поседување на марихуана. Во обидот да избега тој паднал и се повредил, но сепак бил приведен.

„На 19.09.2019 во 15.45 часот во Полициска станица Струга бил приведен М.М. од с.Радолишта, струшко. На место викано „Радолишка Краста“ полициски службеници извршиле преглед на  патничко возило „фолксваген голф“, што го управувал М.М., при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, М.М. се обидел да избега, но паднал и се повредил, по што бил приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости