554
Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица, е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.
Од полицијата информирaа дека кај нив бил пријавен случајот по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден женски труп.
Увидот од страна на полицијата и обвинителството заврши пред малку, но повеќе детали се најавуваат за утрешниот ден.