Швајцарската амбасадорка: Го промовираме секторот на „добро владеење“

by Фокус

Швајцарија како земја е еден од најголемите донатори во Македонија за проекти за учество на граѓаните во носењето на одлуките на локално ниво, рече амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Зутер Техада, во „360 степени“ на Алсат М.

-Швајцарија го промовира секторот на „добро владеење“, како и соодветните проекти веќе со години. Од терен може да видиме дека форумите на заедниците се добар пример и на локално ниво им даваат добра претстава на жителите и градоначалниците за тоа како да го создадат активното учество на граѓаните. Задоволна сум што од нив слушнав дека од овој систем гледаат корист за граѓаните – вели Техада.

Таа додава дека се обидуваат да ја вметнат идејата за граѓанско учество, со цел, како што нагласува, да се направи носењето одлуки на сите нивоа да бидат балансирани и да се земат предвид потребите на граѓаните.

-Она што го гледам е дека овој пристап е добро прифатен од надлежните и тие ја гледаат користа од ваков систем кој ги вклучува граѓаните, невладиниот сектор и приватниот сектор во процесот на носење одлуки, вклучувајќи го и националното ниво – посочи Техада.

Поврзани новости