Опозицијата го нападна Османи за средбата со Вучиќ: Оваа љубов е индикативна

by Фокус

Наместо нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи да биде ориентиран кон Тирана и Приштина или кон Софија за решавање на спорот, тој се додворува кон Србија дека или сакаат да го продолжат пријателството на Фатмир Бесими со српските генерали кои извршиле злосторства во Косово, или пак се бара помош од Александар Вучиќ за спасување на владата на Зоран Заев, реагираа од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Можеби му било мерак или му љубомори на Артан, кој беше на пречекот на Вучиќ во Табановце или има некој друг повод – тоа не знаеме. Но оваа љубов со Србија станува индикативна. Не поминаа ни неколку дена откако Вучиќ си поигруваше со нашата држава со една кутија вакцини, за министерот за надворешни работи да дотрча повторно кај него. Како и да е, оваа додворување кон Вучиќ, во време кога тој се заканува на Косово, па дури и изразува антиевропски тенденции, бара објаснување“, стои во реакцијата на партиите на Зијадин Села и Африм Гаши.

Поврзани новости