413
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2022 година изнесува 5 761 денар по киловат час што претставува пораст од 11,2 отсто во споредба со второто полугодие од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10 316 до 14 782 денари по киловат час по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 57 840 до 65 380 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.