Струја нема, се увезува двојно поскапа

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз објави документи од набавките на АД ЕЛЕМ, според кои, како што тврдат од партијата, во државата веќе три дена се увезува струја и тоа по прескапа цена.

Според документите струја, ЕЛЕМ барала интервентен увоз на струја не само за вчера, туку и за денеска и за утре, а СДСМ тврди дека цената за увоз е скапа и повисока за скоро 40 проценти од вообичаеното.

-Вчера, на Божик, е направен интервентен увоз на струја. Набавена е струја по цена од 59,3 евра за мегават час што е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра за мегават час). Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра, се вели во соопштението до СДСМ.

Директорот на ЕЛЕМ пак,  Христијан Мицковски, тврди дека нема криза за струја и дека ова е вообичааено во овој период од годината.

Поврзани новости